1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија: Едно од четири деца живее под границата на сиромаштијата

Португалија: Едно од четири деца живее под границата на сиромаштијата

deca-siromashtija

Католичкото здружениe Каритас предупреди во средата за разорните последици од политиките на строго штедење врз децата во Португалија, каде што едно од четири деца живее под прагот на сиромаштијата.

„Политиката на строгите мерки за штедење ги погаѓа најранливите“, вели во прологот на AFP Еугенио Фонсека, потпретседател на португалскиот огранок на Каритас. Оценува, исто така, дека детската сиромаштија „среднорочно и долгорочно го загрозува развојот на Португалија“.

Стапката на сиромаштија кај помладите од 18 години, од тоа земја во 2013 година се истакна на 25,6 отсто, а 2012 година изнесувала 24,4 отсто, покажуваат податоците Националниот институт за статистика. Гледајќи го севкупното население, сиромаштијата во 2013 година изнесувала 19,5 отсто, со годишен приход во износ помал од пет илјади евра. Претходната 2012 година, пак, бројот на сиромашните изнесувал 18,7 отсто од населението.

„Кризата не е завршена. Сиромаштијата и општествената нееднаквост во Европа се зголемуваат. Во Португалија најмногу загрижува сиромаштијата на децата“, коментира Хорхе Нуњо Мајер, генерален секретар на Каритас за Европа.

Во замена за меѓународната финансиска помош во износ од 78 милијарди евра, Португалија драстично ги скуси платите и социјалните давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП