14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија склучи договор за гасна врска со Романија и Грција

Бугарија склучи договор за гасна врска со Романија и Грција

gas bug

Бугарија денеска потпиша договор за изградба на врска со гасните мрежи во соседните Романија и Грција, пишува The Wall Street Journal.

„Конечно добиваме нов извор на гас, бидејќи во моментов сме апсолутно зависни од еден извор – Русија“, рече Жечо Станков, заменик министер за енергетика на Бугарија.

Бугарија користи околу три милијарди кубни метри природен гас годишно, а 95 отсто од потребите ги задоволува од Русија.

Новата гасна врска, договорена меѓу Бугарија, Романија и Грција, позната како Вертикален гасен коридор, ќе чини околу 220 милиони евра и ќе започне да функционира во 2018 година.

Преку ова конекција, Бугарија ќе може да купува гас од Азербејџан и од терминалите за течен природен гас во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП