12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезултати од истражување за иновативноста на компаниите во Република Македонија

Резултати од истражување за иновативноста на компаниите во Република Македонија

Knowledge Center prezentacija

Повеќе од две третини од компаниите во Македонија, во периодот помеѓу 2010-та и 2013-та година, вовеле нови или подобрени производи и/или услуги, кои во најголем дел ги развиле во нивното претпријатие, покажува истражувањето на Knowledge Center од Скопје кое беше презентирано денеска на прес-конференција.

Истражувањето спроведено во периодот декември 2014-та – февруари 2015-та година помеѓу 98 компании покажа дека една третина од компаниите иновациите ги спровеле во нови или значително подобрени процеси на производство (31,4%), а 13,7% не направиле никаква интервенција во своите оперативни процеси. Загрижувачки податок од истражувањето е дека половина од иновативните активности или проекти отпочнати во периодот помеѓу 2010-та и 2013-та година биле напуштени во почетната фаза на реализација или пак биле сериозно одложени.

Knowledge Center prezentacija1

„Заклучокот е дека компаниите во Македонија имаат идеи. Главниот проблем е во нивната комерцијализација. Тие немаат сознание за своите капацитети за иновации и оттука не умеат да ги капитализираат постоечките ресурси, платформи и знаења. Вториот проблем произлегува од недостатокот на финансии, или поточно недоволната информираност за ресурсите кои им се нудат“, изјави г-ѓа Андријана Богдановска Ѓуровиќ, основач и директор на Knowledge Center.

Истражувањето за иновативните активности на македонските компании е дел од проектот Aim@Innovations, кој е поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) преку повикот КЕП Австрија 2014 и Австриската Агенција за развој.

Knowledge Center prezentacija 3

На денешната презентација на резултатите од ова истражување присуствуваа и г-ѓа Тања Пиперник, претставник од Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) и г-дин Волфганг Шабертер, претставник од компанијата Brain+, Австрија, партнер во проектот Aim@Innovations.

Проектот Aim@Innovations, поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) преку повикот КЕП Австрија 2014 и Австриската Агенција за развој, има за цел да овозможи трансфер на знаење и да ги зајакне националните капацитети за обезбедување поддршка и обуки од областа на управување со иновации за мали и средни компании, како и да понуди помош на старт-ап и спин-оф организации во Македонија.

Knowledge Center, компанија од областа на истражување, проект менаџмент, управување со знаење и стратешки менаџмент.

Повеќе информации на: http://www.theknowledge-center.com/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП