ЕКОНОМИЈА

Основците возеа ролери по скопските улици

Image (42)

Под мотото „Возиме кон иднината“, денес по четврти пат се одржа „Ролер трката 2015“, во организација на Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“.

На ролеријадата учествуваа околу 700 ученици од 27 основни училишта од Скопје и околината.

Стартот од пред фонтаната на Градскиот парк  го означи  директорката на ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.  Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар  „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.

Оваа година се воведe новина во манифестацијата, а тоа е натпреварувањето, односно се одржаа две ролер трки, едната во машка а другата во женска категорија. „Ролер трката 2015“ почне со женската трка на која  првото место го освои Џуља Муковиќ од  ОУ „ Вера Јоциќ“, втора беше  Ивана Котевска од ОУ „ Ѓорѓија Пулевски“, а трето место го освои  Теа Костадинова од  ОУ „Љубен Лапе“.

На машката трка победи  Бојан Стојчески од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Конески“ , а трет беше Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.