10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГазпром очекува решение со ЕУ со почитување на договорите

Газпром очекува решение со ЕУ со почитување на договорите

gazprom65656565

„Газпром“ по забелешките од Европската комисија за произлезени од нејзината антимонополска истрага, очекува разрешување на ситуацијата со почитување на договорите меѓу надлежните власти на Русија и на Европската комисија, се истакнува во соопштението на рускиот енергетски гигант испратено до медиумите во средата.

Антимонополското регулаторно тело на Европската унија седмицава недела формално ќе подигне тужба против руската државна компанија „Газпром“, беше објавено на интернет страницата на Европската комисија. Европската комисија покрена формална истрага околу работењето на „Газпром“ во источните и јужните европски држави во 2012 година, наведувајќи дека таа компанија ја злоупотребувала доминантната позиција во снабдувањето со гас во тие земји.

„’Газпром’ очекува разрешување на ситуацијата со земање предвид на договорите коишто претходно се постигнати меѓу руската влада и Европската комисија, за наоѓање заемно прифатливи решенија на владино ниво во врска со прашањето за антимонополската истрага“, се вели во соопштението.

Од руската компанија реагираа откако во средата на официјалната интернет страница на Европската комисија беше објавено соопштението за медиумите, во кое се истакнува дека Комисијата ја усвоила „изјавата за приговор“ (statement of objections) во актуелната антимонополска истрага против работењето на „Газпром“ во Европската унија.

Притоа се додава дека барањата од Европската комисија кон „Газпром“ во компанијата ги сметаат за неосновани Приговорот на ЕЈ во овој случај е само една етапа од антимонополската истрага и не значи дека „Газпром“ е прогласен за виновен за кршење на антимонополското законодавство во ЕУ.

Компанијата истакнува и дека „строго се придржува до сите норми на меѓународното право и законодавството во земјите во коишто Групацијата ‘Газпром’ е активна“.

„Дејствувањето на Групацијата на пазарот во ЕУ, вклучително и примената на принципите за формирање на цената на гасот, ги исполнува стандардите коишто ги користат и другите производители и извозници на гасот“, се додава во соопштението на руската корпорација.

Комесарот за конкуренција на ЕК, Маргрет Вестагер, во февруари рече дека е подготвена да поднесе формална тужба против „Газпром“ во релативно кус период. Извор запознаен со случајот против руската компанија наведе дека тужбата е на дневен ред на состанокот на ЕК во среда и дека не очекува спротивставување.

Од друга страна, извор од „Газпром“ во вторникот рече дека таа компанија минатата седмица покажала дека е подготвена да се реши случајот. Случајот против „Газпром“ би можел да заврши со пенали против руската компанија во износ од повеќе милијарди евра.

Во тој поглед преговорите се во поодмината фаза, бидејќи слична практика имаат и другите компании за снабдување со гас, наведува The Wall Street Journal.

Некои држави на Балтикот и во југоисточна Европа целосно се потпираат врз „Газпром“ во снабдувањето со гас, предупреди во вторникот The Wall Street Journal и додава дека при покренувањето истрага пред две ипол години, ЕК го осомничи „Газпром“ за неправично работење.

ЕК испитуваше дали „Газпром“ ги спречувал државите да го извезуваат гасот што го купувале од оваа компанија. Исто така, испитувано е дали компанијата некои аспекти од договорот со потрошувачите, како цените, ги поврзувал со соработка во други области, како што е изградба на нови гасоводи. ЕК ја разгледувала практиката на „Газпром“ да ја поврзува цената за гасот со цената на нафтата на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП