28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтокаратен дијамант продаден за 22,1 млн. долари

Стокаратен дијамант продаден за 22,1 млн. долари

Image (41)

Совршениот дијамант од 100 карати, најголемата ѕвезда на аукцијата одржана во вторникот во Њујорк, продаден е по цена од 22,1 милион долари, објавија од аукциската куќа Sotheby’s.

Дијамантот е ископан во Јужна Африка, а пред почетокот на аукцијата преценето е дека ќе достигне цена меѓу 19 и 25 милиони долари. Новиот сопственик е анонимен купувач, кој на аукцијата учествувал телефонски.

Според зборовите на водителот на одделот за бесценети камења на Sotheby’s, Гери Шулер, овој камен е дефиниција на совршенство.

„Неговата боја е побела од белото, и нема никакви внатрешни несовршености. Толку е проѕирен што може да се спореди само со базен вода“, објасни Шулер.

Каменот пред обработката имаше 200 карати, а неговиот наоѓач повеќе од година му посвети на режењето, за на дијамантот да му даде прекрасен облик. И покрај неговото совршенство, дијамантот ни одблизу не успеа да постигне рекорд во цената.

Пред две години на аукција во Хонгконг бел дијамант од 118,28 карати беше продаден за 30,6 милиони долари, додека апсолутен рекордер е розовиот дијамант, наречен „Розовата ѕвезда“, кој во 2013 година во Женева беше продаден за 83,02 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП