13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за чистење и разубавување на зелените површини долж булеварот Александар Македонски

Акција за чистење и разубавување на зелените површини долж булеварот Александар Македонски

Image (40)

Општина Гази Баба, градот Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна, по повод Денот на планетата Земја, започнаа акција за чистење и уредување на јавните пешачки и зелени површини по должината на булеварот Александар Македонски.

Јавните комунални претпријатија „Паркови и зеленила“, „Комунална хигиена“ и ЈКП „Гази Баба“ се приклучија на акцијата, заедно со студентите од Факултетите за земјоделство и храна, шумарскиот и природно математичкиот.

Целта на акцијата е да се направи пролетно расчистување на паднатите гранки, сувите лисја, ѓубрето, да се уредат со цвеќиња парковите и зелените површини и да се разубави делот долж булеварот Александар Македонски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП