21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFord откри нов седан (фото+видео)

Ford откри нов седан (фото+видео)

turus 33

Новиот седан на „Ford“ дебитираше пред публиката на авто-саемот во Шангај. Долгиот повеќе од 5 метри, „Taurus“ ќе се појави прво на кинескиот пазар, бидејќи верзијата за САД се уште се наоѓа во процес на развој.

Прикажаниот прототип е дизајниран и произведен во фабрика на кинескиот партнер во заедничкото вложување „Changan Ford Hangzhou Plant“. Растојанието помеѓу двете оски кај моделот е 2,95 метри, а во неговиот дизајн јасно се гледаат цртите на „Fusion“/„Monedo“ чија платформа е користена за „Taurus“.

turus 34

Седанот добил 19-инчни бандажи, „LED“ светла напред и назад, како и возен панорамски покрив.

Во салонот се интегрирани 25 „паметни“ различни предмети, а задните седишта се така поставени да им обезбедат на патниците максимална удобност при патување, покажува информацијата.

turus 35

Познато е дека новиот „Ford Taurus“ ќе биде придвижуван од 2,7-литарски „V6“ мотор од семејството „EcoBoost“. Засега од компанијата не ја откриваат моќноста на агрегатот, но кај други модели на брендот, тој развива меѓу 315 и 335 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП