18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ ги намали трошоците за задолжително испитување на листерија во храната

АХВ ги намали трошоците за задолжително испитување на листерија во храната

Image (39)

Агенцијата за храна и ветeринарство ги намали трошоците при увоз на храна, поставени во рамки на одржаните „Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство” кои се однесуваат на измена на постоечкото решение за задолжително испитување на Listeria monocytogenes.

Врз основа на новото решение, кое почна да се применува од 8 април, во насока на намалување на финансиските трошоци на операторите со храна и задржување и одржување на императивот – безбедна храна од увоз, задолжителното лабораториско испитување на присуство на Listeria monocytogenes на пратките кои потекнуваат од трети земји, се врши со претходно групирање на производите по вид на производ, тип на обработка и по објект од кој потекнуваат.

Мострата за лабораториско испитување, од страна на официјалниот ветеринар или инспекторот за храна се зема од производот кој е количински најмногу застапен.

Целокупната количина на производите не смее да се пушти во промет се до добивање на резултатите од извршените лабораториски испитувања со кои се потврдувабезбедноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП