18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи порасна, еврото стабилно, нафтата во пад

Азиските берзи порасна, еврото стабилно, нафтата во пад

aziski-berzi

На повеќето азиски берзи во средата цените на акциите пораснаа, бидејќи вложувачите се надеваат на подобри деловни резултати од компаниите, додека курсот на еврото се стабилизираше по острите осцилации од претходниот ден, а цената на нафтата продолжува да оди надолу.

На токиската берза индексот Nikkei 225 во претпладневното тргување во средата беше во плус од околу 1 отсто, достигнувањето го највисокото ниво во последните 15 години, додека цените на акциите во Хонгконг, Јужна Кореја и Шангај пораснаа меѓу 0,3 и 1,8 отсто. Меѓутоа, берзанските индекси во Сингапур, Австралија и на другите пазари паднаа меѓу 0,2 и 0,6 отсто, па така индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските – MSCI беше во средата претпладне речиси непроменет во однос на истиот период од денот од тргувањето во вторникот.

Токискиот Nikkei индекс се проби утрово над психолошки важната граница од 20.000 поени, благодарејќи на надежите на инвеститорите дека јапонските извозно ориентирани компании ќе објават добри деловни резултатите за првиот годинешен квартал, бидејќи слабеењето на јенот би требало да придонесе за поголема конкурентност на нивните производи на светскиот пазар. А поради курсот на јенот во однос на доларот и другите важни светски валути, во март Јапонија го забележа првиот надворешнотрговски суфицит во последните три години. Поради слабиот јен, извозот скокна за 8,5 отсто во однос на сиот месец минатата година, додека увозот, поради ниските цени на нафтата, падна за 14,5 отсто.

Силно во средата претпладне, за 1,8 отсто, скокнаа и цените на континенталната кинеска берза во Шангај, благодарејќи на надежите на инвеститорите дека растот на кинеската економија ќе се стабилизира, по долготрајното забавување. Во неделата кинеската централна банка ја намали стапката за извојување на задолжителните резерви на банките, вторпат во последните два месеца, со што тамошните монетарни власти се обидуваат да го поттикнат кредитирањето, а со тоа и растот на економијата.

„Последните седмици гледаме низа мерки на регулаторниот, економскиот и политичкиот фронт во Кина. Иако сите тие мерки не се поттикнувања за пазарот на капиталот, сметаме дека позитивно ќе влијае врз развојот на економија на среднорочен период“, се наведува во белешките на аналитичарите во компанијата „Brown Brothers Harriman“ во белешките за клиентите.

Меѓутоа, на другите азиски берзи не владее толку добро расположение, бидејќи инвеститорите ги поколеба падот на цените од вторникот на Волстрит. Под најголем притисок е берзата во Австралија, бидејќи вложувачите стравуваат од негативното влијание на падот на цените на суровините врз економијата, кој значително ќе зависи од извозот на рудите.

А на валутните пазари курсот на еврото се стабилизираше, по острите осцилации од вторникот. Во средата претпладне се движи околу 1,0735 долари, додека во вторникот пливаше меѓу 1,0660 и 1,0780 долари. Еврото е под притисок од грчката должничка криза, стравувањата на инвеститорите од банкрот на оваа земја и нејзиното излегување од еврозоната, збунети од различните пораки коишто пристигнуваат од Атина и од Брисел. Грција порачува дека ставовите меѓи неа и странските кредитори се приближиле, додека Германија дека нема да има дополнителна помош додека Атина не го усвои планот за веродостојните реформи. Министрите од еврозоната ќе се состанат на 24-ти април за да се обидат да најдат решени за Грција.

„Можностите дотогаш да се пронајде значителен напредок се мали, особено поради тоа што Германија одбива да одобри нова финансиска помош без веродостоен грчки план за реформи“, смета Кети Лиен, директорка во фондот „BK Asset Management“.

И додека во однос на еврото е стабилен, доларот кон јапонската валута во средата претпладне падна. Неговиот курс се движи околу 119,60 јени, додека во вторникот во истиот период изнесуваше 119,40 јени.

А по дводневниот силен раст, цените на нафтата последните денови паѓаат. Откако во вторникот потона за над 2 отсто, во средата претпладне цената на барел сирова нафта од марката Brent на лондонскиот пазар се лизна за дополнителни 0,7 отсто, на 61,65 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП