3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТажно но вистинито: Повеќето шефови мислат дека вработените им се безвредни

Тажно но вистинито: Повеќето шефови мислат дека вработените им се безвредни

rab121

Ако ги запрашате шефовите во компаниите во САД, што мислат за своите вработени, повеќето ќе ви одговорат дека тие се безвредни.

Вакви резултати даде истражувањето на Американската асоцијација на менаџери.

Според ова истражување на американските работници најмногу им фалат основните работни вештини, како што е способноста за соработка, комуникацијата и критичкото мислење. Истражувањето покажало дека речиси 20 процени од вработените немаат креативни вештини.

Во истражувањето лидерите изјавиле дека сакаат нивниот вработен да е способен сам да донесува одлуки, да зборува и пишува на начин кој неговите колеги ќе можат да го разберат, добро да соработува со неговите колеги, сакаат тој да има способност да „продолжи“ кога сите останати ќе „застанат“.

Лидерите истакнале дека сакаат нивниот вработен да е досетлив, полн со идеи за подобра иднина, практичен, да ја сработува работата на оние кои потфрлиле да помогне во секој дел и на работа да доаѓа со поинаков мотив од мотивот плата.

Какво мислење за своите вработени имаат шефовите во Македонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП