Соработката на Русија и ЕУ целосно е замрзната, а трговската размена е намалена за осум проценти во 2014 година, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
„Соработката со ЕУ е замрзната практично во сите клучни области. Едностраните санкции и возвратените мерки од Русија имаа штетно влијание на трговската и економската врска помеѓу Русија и ЕУ“, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството додава дека е продолжена реализацијата на постоечките проекти со Норвешка, Исланд и земјите од Унијата кои се граничат со Русија, пренесува агенцијата ТАСС.