24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекуван пад на довербата на инвеститорите во Германија

Неочекуван пад на довербата на инвеститорите во Германија

german ekonomi335

Довербата на инвеститорите во Германија опаднала во април првпат во последните шест месеци, покажувајќи дека слабиот глобален раст влијаел врз расположението на инвеститорите.

Индексот на довербата на инвеститорите што го пресметува ZEW падна овој месец за 1,5 поени на 53,3 поени, разочарувајќи ги аналитичарите кои прогнозираа раст на индексот на 55,3 поени.

„Германската економија е во добра состојба. Стабилниот пазар на труд и платите во пораст ја јакнат довербата и ја поттикнуваат домашната потрошувачка. Сепак, моменталната слабост на светската економија влијае врз извозот и ја намалува веројатноста на понатамошно јакнење на германската економија“, рече Клеменс Фуст, претседател на ZEW.

Германската економија во добар дел зависи од извозот на автомобили и индустриски машини.

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија порасна во последното тромесечје за релативно солидни 0,7 отсто во однос на претходниот квартален период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП