Гумите без воздух или непневматски гуми постојат веќе неколку години, но американската фирма Поларис е првата која што најави дека ќе ја понуди оваа технологија на пошироката јавност веќе од следната година.

Уште во 2005-та година Мишелин ги претстави „твил“, гумите без воздух, меѓутоа тие никогаш не започнаа со масновно производство, иако го привлекоа вниманието на јавноста.
Американската компанија Поларис, која е специјализирана за „оф-роуд“ и воени возила, со употребата на непневматските гуми забележаа голем успех.
Специјалната мрежеста структура овозможува голема издржливост, но и доволна флексибилност за нерамните терени, а најголема предност е тоа што неможе да дојде до пукање или дупнување на гумата.
Гумите без воздух на Поларис на почетокот ќе се произведуваат само за „оф-роуд“ возилата, но оваа технологија се планира и за семејните возила, па дури и за тркачките автомобили.