14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците во Хрватска формираа граѓанско здружение за промоција на европските вредности

Македонците во Хрватска формираа граѓанско здружение за промоција на европските вредности

mak hrv35

Деновиве во Хрватска официјално е етаблирана и започна со работа новата невладина граѓанска асоцијација „Хрватско-македонска тангента“.

Според програмата и статутот, здружението е основано со цел промовирање, развој на култура и уметност, меѓународна соработка, човекови права, демократска и политичка култура и унапредување на односите меѓу Република Хрватска и Република Македонија, и земјите од регионот, со уважување и почитување на стандардите на Европската унија како императив.

Посебен акцент во дејноста на „Тангентата“ ќе биде ставен на медиумска соработка во рамките на информативните модуси на Европската унија.

На основачкото собрание, неодамна одржано во Шибеник, конституирана е и структурата на асоцијацијата: Управен одбор, Собрание, Надзорен одбор и шестмина почесни членови.

За претседател и потпредседател на „Тангентата“ се избрани Сашо Георгиевски, политиколог – новинар, и Давор Шишак, економист-директор во „Сузуки“.

Во Собранието членуваат повеќе личности од Хрватска и Македонија кои се осведочени подржувачи и пријатели на афирмацијата на хрватско-македонските односи и соработка.

За следните неколку месеци, веќе се иницирани и договорени неколку проекти зад кои застана „Хрватско-македонската тангента“, како гостување на висока стопанска делегација од Македонија  во Хрватска, Меѓународна книжевна средба на претставници од Македонија, Хрватска и БиХ на островот Зларин и гостување на група уредници од хрватските медиуми во Македонија.

И конечно, во хрватската јавност со симпатии е проследена веста за составот на „почесниот тим на Тангентата“ во кој со задоволство прифатија да партиципираат писателот Предраг Матвејевиќ, амбасадорите д-р Данчо Марковски и д-р Златко Крамариќ, поранешниот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ, бившата премиерка Јадранка Косор и генералот Лука Џанко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП