27 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗLexus подготвува RX со турбомотор (фото)

Lexus подготвува RX со турбомотор (фото)

f sport

„Lexus“ демонстрираше нова модификација на кросоверот „RX“ на автосаемот во Шангај. Како што може да се види од името – „RX 200t F Sport“, тоа е спортска верзија, опремена со турбо мотор.

Всушност ова е прв „Lexus RX“ со турбо мотор. 2-литарскиот мотор со 4 цилиндри развива моќност од околу 230 КС, откриваат од компанијата. Агрегатот работи во комбинација со 6-брзински автоматски менувач и со систем за погон на сите четири тркала.

f sport1

Самиот мотор е од алуминиум, па така тежи само 160 килограми и ги собра во себе најновите случувања на „Toyota“. Тој е опремен со турбокомпресор, интеркулер, систем за комбинирано вбризгување – во цилиндрите и колекторот, како и со нов систем за распределување на гаста.

Верзијата „200t F Sport“ се одликува и со агресивен распоред на екстериерот, 20-инчни тркала, системот за активна стабилизација и спортскиот режим на индивидуализирана суспензија – „Sport +“. Во кабината е поставен дополнителен екран „TFT Multi Information Display“, пренос на податоци од телеметријата на возилото, како и спортски волан.

f sport2

Четвртата генерација на „Lexus RX“ доаѓа со уште два агрегати – 3,5-литарски V6 со моќност од 305 КС, како и со хибридна верзија, која развива апсолутно иста моќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП