26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ даде зелено светло за унгарската нуклеарка Пакс

ЕУ даде зелено светло за унгарската нуклеарка Пакс

paks222

Европската унија официјално ги одобри плановите за снабдување со гориво на двата нуклеарни реактора во централата Пакс, кои Унгарија ќе започне да ги гради во 2018 година во партнерство со Русија, објави во вторникот владата во Будимпешта.

„Отстранети се сите пречки“ за спроведување на проектот во износ од 12,5 милијарди евра, изјави портпаролот на унгарската влада, Јанош Лазар. Одобрувањето од Европската унија за AFP го потврдил и еден европски извор од Брисел.

Унгарија и Русија во јануари 2014 година потпишаа договор за градење на двата нови реактора со моќност од 1.200 MW секој во единствената унгарска нуклеарна централа сместена крај градот Пакс, стотина километри јужно од главниот град Будимпешта. Четирите реактори од оваа централа во моментот произведуваат 40 отсто од унгарската потрошувачка на електрична енергија. Градењето на новите реактори би требало да започне во 2018-та, а првиот реактор во функција би требало да биде ставен во 2023-та година.

Агенцијата на „Еуроатом“ за снабдување изминатите месеци не се согласуваше со планираниот увоз од горивото за идните реактори исклучиво од Русија. Но трите страни кон крајот на март постигнаа компромис за ограничувањето на снабдувањето од Русија на 10 наместо на 20 години, како што првично беше предвидено. Овој компромисен договор уште би требало да биде потврден.

Унгарската опозиција го критикуваше изостанувањето на целосна транспарентност во доделувањето на овој проект за кој тврди дека е направен без тендер, и е доделен на руската компанија „Росатом“. Одредбите од договорот за градење на реакторите ќе бидат имено државна тајна 30 години. Особено се смета за контроверзно финансирањето на проектот, за што е обезбеден руски кредит од 10 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП