7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСудирите во Јемен ја задржаа цената на нафтата над 63 долари

Судирите во Јемен ја задржаа цената на нафтата над 63 долари

nafta33

Цената на нафта се стабилизираше денеска на светските берзи над 63 долари за барел, поттикната од загриженоста дека вооружените судири во Јемен би можеле да го дестабилизираат Блискиот исток и да влијаат врз снабдувањето со нафта.

На лондонската берза цената на барелот се намали за 30 отсто во однос на претходното затворање, на 63,15 долари. На американската берза со барелот се тргува по непроменета цена, од 56,28 долари.

Јемен во вторникот беше во фокусот на пазарот, поради стравувањата дека тамошните вооружени судири би можеле да го дестабилизираат поширокиот регион на Блискиот исток и да влијаат врз снабдувањето со нафта. Саудиска Арабија воено интервенираше во Јемен по протерувањето на претседателот Али Абдула Салих, а судирите би можеле да ја загрозат сигурноста на морските патишта кои спаѓаат меѓу најзначајните за меѓународна трговија со нафта.

Во понеделникот американската морнарица објави дека во овој регион испратила носач на авиони и крстарица опремена со ракети.

Само во овој месец загриженост поради судирите во Јемен ја кренаа цената на нафтата за 15 отсто.

„Моментно цената на нафтата ја поттикнува геополитиката“, констатира Тамаш Варга од лоноднската брокерска куќа PVM Oil Associates.

Дополнителна поддршка на нафтениот пазар пружаат шпекулациите за пад на американското производство, по објавата на податоците за смена на бројот на ископините на најниско ниво од 2010-та година.

Позначителен раст на цените, сепак, спречува прекумерното снабдување и наглото трупање на залихите, особено во САД. Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Reuters очекуваат дека новите извештаи ќе покажат раст на залихите на сирова нафта во САД во минатата недела за 2,4 милиони барели.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во понеделникот изнесуваше 59,50 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП