24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНорвешка ќе биде првата земја која ќе го исклучи FM радиото

Норвешка ќе биде првата земја која ќе го исклучи FM радиото

radio 333

Во Норвешка „FM“ радиото ќе престане да постои на крајот на 2017-та година.

Овој процес ќе трае точно една година, од јануари до декември 2017-та. Тоа ќе и овозможи на земјата да ја комплетира транзицијата на дигиталното радио.

„Digital Audio Broadcasting“ на слушателите ќе им овозможи повеќе канали отколку претходно. Во Норвешка веќе сега 56 отсто од слушателите на радио користат дигитален сигнал.

„Ова е важен ден за сите кои го сакаат радиото. Одлуката на министерот ни овозможува ресурсите да ги користиме за тоа што нам ни е најважно, т.е. да креираме разновидна и квалитетна радио содржина“, вели Тор Гјермунд Ериксен, шеф на норвешката радиодифузна корпорација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП