15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОслабеното евро ја поттикна добивката на SAP во првиот квартал

Ослабеното евро ја поттикна добивката на SAP во првиот квартал

sap-sap-sappppp

Германскиот производител на деловен софтер SAP извести денес дека оперативната добивка во првиот квартал пораснала за 15 отсто благодарени на послабиот курс на еврото.

Во првите три месеци од годината оперативната добивка на најголемата софтверска компанија изнесувала 1,06 милијарди евра доколку се исклучат посебните ставки.

Доколку се исклучи влијанието на валутите курсеви, оперативната добивка на SAP е намалена за два отсто, поради зајакнатите инвестиции во новиот софтвер базиран на технологијата на „облаци“ (cloud).

Тромесечните приходи се зголемени за 22 отсто, на 4,5 милијарди евра, потпомогнати со поволните валутни курсеви, солидното работење на европските пазари и аквизицијата на производителот на софтвери за деловни трошоци Concur, вреден 7,3 милијарди долари.

SAP воедно ја потврди важечката прогноза за овогодишната оперативна добивка во распон од 5,6 до 5,9 милијарди евра, доколку се изземат промените на валутните курсеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП