28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците при зелена градба се враќаат во првата година

Трошоците при зелена градба се враќаат во првата година

Image (34)

Трошоците при зелена градба се само од 1 до 5 % повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари, ги враќа овие средства во првата година, рече Митко Алексов, извршен директор на  Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Тој, говорејќи на настанот на тема: „Енергетска ефикасност во градежништвото – Зелена градба“, додаде дека при зелена градба заштедата на електрична енергија е околу 30%, додека на вода околу 40% на годишно ниво.

Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба, рече дека целта на Светскиот совет за зелена градба е да создаде глобална заедница на лидери во зелена градба, управувани на национално ниво, кои преку заедничко делување ќе имаат поголем кредибилитет, подобар пристап до ресурси, а со тоа и поголемо влијание во трансформација на градежниот сектор кон поголема одржливост.

„Преку контактите со тамошните светските лидери на ова поле, се отвора можност за споделување и размена на идеи и ресурси со регионалните и светските мрежи за зелена градба. Така ќе имаме уникатна можност во пренесување на најсовремени искуства во нашата земја, во одржување на стручни обуки, семинари, се со цел да се рашири зеленото делување, кое е светски тренд. Исто така, ќе имаме можност и за учество и делување во проекти на глобално ниво“, рече Кочан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП