6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка со нова мерка за поттикнување на растот

Кинеската централна банка со нова мерка за поттикнување на растот

peoples-bank-china.gi.top

Народната банка на Кина ги намали износите на готовина кои банките мораат да ги чуваат како резерва за еден отсто, во насока на зголемување на економскиот раст.

Стапката на задолжителна резерва во руралните кредитни задруги и банките во мали градови и села ќе биде намалена за повеќе од еден отстотен поен.

Земјоделската развојана банка на Кина ќе има намалување од два отстотни поени.

Државните банки и останатите акционерски комерцијални институции кои позајмиле одредена свота на пари на мали и микро компании или на лица поврзани со земјоделие, рурални подрачја или фармери ќе се квалификуваат за кастрење на дополнителни 50 базни поени на стапката за задолжителна резерва.

Станува збор за потег кој дополнително ќе ја зајакне способноста на финансиските институции да се придружат кон државните напори за оптимизирање на економската структура, да им помогнат на малите и микро компаниите, подобро да се соочат со задачите поврзани со земјоделието, руралните подрачја и фармерите,  како и да ги поддржат клучните проекти за сочувување на водата, стои во соопштението на централната банка, пренесува CRI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП