22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора го олесни патот до кинескиот пазар за македонските компании

Стопанската комора го олесни патот до кинескиот пазар за македонските компании

sdfkjgldajg

Од денеска преку стопанската комора на Македонија сите заинтересирани компании во Македонија кои сакаат да настапат на кинескиот пазар имаат можност за директна поддршка од Деловниот совет во кој членство имаат повеќе стопански комори, како стопанската комора на Словенија, Словачка, Србија, Албанија, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Латвија, Црна Гора, Романија, Бугарија и БиХ.

Потпретседателката на Стопанската комора, Јелисавета Георгиева, на состанокот на Деловниот совет во Катовице, Полска, порача дека Советот има за цел да им го олесни пристапот на компаниите од Централна и Источна Европа до кинескиот пазар преку заедничка соработка и  настапи.

Како што изјави таа, оваа година целта на Комората ќе биде воспоставување на врски со цел подобрување на соработката меѓу компаниите, коморите, како и другите јавни и приватни организации од кинескиот деловен сектор, размена на информации за активностите на членките со цел да се поттикне трговијата и инвестициите со Кина, спроведување на подобри практики меѓу кинеските и македонските компании, соработка, промоција, економски проекти, организација на стопански форуми  и учество на саеми како и на други настани од стопанството.

Согласно стратегијата на Стопанската комора за поддршка на компаниите за заеднички настап и учество на трети пазари, сите планирани активности ќе бидат реализирани преку Деловниот совет, а се очекува подобрување на конкурентноста на економијата на Македонија.

Активностите на Деловниот совет пред се ќе бидат насочени кон создавање на информативни механизми за подобро разбирање на опкружувањето и деловната клима во земјите од Источна и Централна Европа и Кина, како и споделување на информации за пристапот до пазарите, соработката, инстументите за финансирање, трговијата, подобрувањето на трговската размена на земјите од Источна и Централна Европа и Кина.

На состанокот беа презентирани понатамошните чекори на Деловниот совет, а планирано е Советот да подготвува заедничка програма за активности на компаниите и да одржува состаноци во однапред договорени термини за сесиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП