22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Се чувствуваат последици од санкциите

Медведев: Се чувствуваат последици од санкциите

dmitrij-medvedev

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денес дека економијата на таа земја и понатака ќе претрпува последици од западните санкции.

„Значително се зголемени загубите настанати од санкците. Според претпоставките на оделни експерти, Русија загубила околу 25 милијарди евра, што преставува 1,5 проценти од бруто домашното производство“, изјави Медведев.

Тој изнесе можност дека тој износ овие години  да се зголеми за неколку пати.

Според него, руската економија се намалила за околу два проценти во првиот квартал оваа година, но смета дека економската ситуација ќе се стабилизира.

„Продолжуваат негативните трендови во економијата. Од јануари до март БДП е намален за два проценти, а обемот на индустриското производство за 0,4 проценти“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП