14 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 тешки прашања од интервјуто за вработување во Фејсбук

10 тешки прашања од интервјуто за вработување во Фејсбук

Facebook Stock

Фејсбук е едно од најпосакуваните места за работа. Не е ни чудно бидејќи таму стажистите заработуваат 25.000 долари годишно, што е сума повисока од заработката на просечниот американски работник.

Business Insider направи листа со 10 тешки прашања кои ќе ви ги постават во Фејсбук доколку сакате да се вработите во оваа компанија.

Ова се тие десет интересни прашања?

1. Постои зграда со десет ката. Сте добиле две идентични јајца. Како ќе ги употребите двете јајца за да го најдете катот, каде јајцата дефинитивно ќе се скршат на било кој повисок спрат, вклучувајќи го и тој спрат?

2. Колку би го наплатиле миењето на секој прозор во Сиетел?

3. Колку правосмукалки има во САД?

4. Ве грабнал руски гангстер. Ставил два куршуми во празен пиштол кој собира шест куршуми, го завртел буренцето, го вперил пиштолот во вашата глава и пукал. Уште сте живи. Потоа ве прашува дали сакате повторно да го заврти буренцето или само да пука. Која е веројатноста за секоја од овие две можности да бидете застрелани?

5. Се обидувате да ограбите куќа во една улица. Секоја куќа има еднаква количина на готовина. Вашата цел е да ги ограбите куќите така што ќе го максимизирате конечниот украден износ. Еднаш кога ќе ограбите една куќа не можете да ја ограбите куќата веднаш до таа куќа.

6. Пред да се качите во авион за Сиетел сакате да знаете дали треба да понесете чадор. Можете да се јавите на три пријатели кои живеат таму и секој да го прашате дали таму врне дожд. За секој од вашите пријатели пости 2/3 шанса да ја кажува вистината и 1/3 да ве зафркава. Сите пријатели ви велат дека во Сиетел врне дожд. Која е веројатноста во Сиетел навистина да врне дожд?

7. Доколку би можеле да бидете животно, кое животно би биле и зошто?

8. Доколку имате 100 броеви од кредитни картички (и сите информации), како би заработиле што повеќе пари за 24 часа користејки само онлајн трансакции?

9. Капетан сте на пиратски брод и вашиот екипаж треба да гласа за тоа како да се подели златото. Ако помалку од половина од екипажот се сложи со вашиот предлог, вие умирате. Како ќе го поделите златото така да добиете добар дел од пленот, а сепак да преживеете?

10. Што би направиле во текот на еден ден поминат овде?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП