6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, еврото под притисок

Азиските берзи пораснаа, еврото под притисок

berza azija

На азиските берзи цените на акциите денеска пораснаа бидејќи вложувачите сметаат дека новите поттикнувачки монетарни мерки ќе го стабилизираат растот на кинеската економија, додека курсот на еврото е под притисок поради грчките должнички проблеми.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување по средноевропско време во вторникот беше во плус околу 1 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 2,2 отсто. Во Јужна Кореја акциите благо паднаа, додека индексот MCSI на азиско-пацифичките акции, без јапонски, беше во плус о 0.3 отсто.

Доброто расположени на азиските инвеститори е благодарејќи на силниот раст на цените од понеделникот на Волстрит, по остриот пад во петокот. Иако нема многу причини за раст на цените, најголемата светска берза покажува голема отпорност, имајќи го предвид забавувањето на растот на американската економија и не толку сјајните квартални резултати на тамошните компании.

Поттикнувачки врз азискиот пазар влијае и надежта на инвеститорите дека растот на кинеската економија ќе се стабилизира, по долготрајното забавување, благодарејќи на поттикнувачките мерки на монетарните власти. Во неделата кинеската централна банка ја намали стапката за задолжително издвојување во резервите на банките од 19,5 на 8,5 отсто, вторпат во последните два месеца, со што монетарните власти се обидуваат да ги поттикнат кредитирањето, а со тоа и растот на економијата. Имено, кинескиот бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал од годинава порасна за 7 отсто во однос на истиот лански период, што е најбавно во периодот од шест години.

А на валутните пазари американскиот долар се опоравува, откако со денови беше под притисок поради сигналите за забавување на растот на американската економија, поради што е малку веројатно дека тамошната централна банка ќе ги зголеми каматните стапки веќе во јуни.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на петте светски од земјите најголеми трговски партнери на САД, во вторникот претпладне достигна 97,95 поени, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 97,43 поени. Притоа во однос на јапонскиот јен курсот на доларот скокна на 119,40 јени, од вчерашните 118,80 јени, Доларот зајакна и во однос на еврото, па цената на европската валута се лизна од понеделничките 1,0787 на 1,0730 долари.

Еврото е под притисокот на грчката должничка криза, бидејќи Атина и нејзините партнери од еврозоната уште не можат да постигнат напредок во прашањето за реформите коишто Грција би требало да ги спроведе за да добие нова програма за странска финансиска помош со која би го избегнала банкротот и излегувањето од еврозоната.

На Грција ѝ недостигаат средства, па во понеделникот владата им наложи на локалните управи и државните компании средствата да ги депонираат во централната банка пред исплатата на платите во јавниот сектор и на пензиите кон крајот на април и доспевањето за наплата од кредитот од ММФ на почетокот од мај. Инвеститорите затоа стравуваат од банкротот на Грција и нејзино излегување од европската монетарна унија, иако во понеделникот потпретседателот на Европската централна банка (ECB), Виктор Контансио рече дека банкротот не мора нужно да значи и излегување од еврозоната.

А цените на нафтата се стабилни недалеку од највисоките нивоа во последните четири седмици, достигнати минатата седмица. На американскиот пазар цената на барел сирова нафта во вторникот претпладне се движи околу 56,35 долари, недалеку од минатонеделниот максимум од 57,42 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП