Јапонските произведувачи на автомобили, „Nissan“ и „Mitsubishi“ ги објавија првите детали за нивниот заеднички проект за развој на микро-автомобилите, кои ќе се продаваат на локалниот пазар почнувајќи од јуни оваа година.
Секоја компанија ќе понуди по две верзии од заедничкиот модел, наречени „Dayz“ и „Dayz Highway“ кај „Nissan“, odnosno „eK Wagon“ и „eK Custom“ во случајов кај „Mitsubishi“.
Новиот „Nissubitshi“ производ настана како резултат на партнерството меѓу двете компании кој е потпишан во 2010-та година. Главна цел беше дизајнирање и производство на микро-автомобили само за јапонскиот пазар.
Ова не се единствените микро модели кои ќе произлезат од оваа соработка, затоа што уште сега за во 2014-та година се најавува нов модел кој најверојатно ќе биде во караван верзија.