13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно во прекин сообраќајот на обиколницата кај Битола

Повторно во прекин сообраќајот на обиколницата кај Битола

ODRON NA PUTU VALJEVO-LOZNICA

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно суви коловози. Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до с. Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16.04.2015 година.

Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за Транспорт и Врски, додека сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП