18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовак: Следните две години нафтата нема да надмине 70 долари за барел

Новак: Следните две години нафтата нема да надмине 70 долари за барел

nafta 93939

Рускиот министер за енергетика, Александр Новак очекува дека до 2017 година цената на нафтата нема да надмине 70 американски долари за барел, додека за 2015 година смета дека просечната цена ќе се движи околу 60 долари.

„Сто долари за барел во блиска иднина нема да видиме. Во 2015 година очекувам 60 долари, а потоа во периодот 2016/2017 година – 60 до 70 долари“, вели Новак во интервјуто за германскиот весник Die Welt.

Нафтата, покрај гасот, е еден од главните извори на приливи во буџетот на Русија, чија економија покрај од западните санкции поради нејзината наводна улога во украинската криза, трпи штети и од ниската цена на „црното злато“ на светските пазари. Бидејќи постои верување дека цените вештачки се држат на ниско ниво, како дополнителен притисок врз руската економија, движењето на цените на нафтата постојано се следат, а најголемите руски енергетски компании вршеа симулации на своите деловни активности дури и во случај кога цените на енергенсот би изнесувале меѓу 30 и 40 долари за барел.

Во понеделникот, исто така, рускиот министер за економски развој, Алексеј Улјукаев, изјави дека до 2018 година цената на нафтата може да достигне до 80 долари за барел, но дека претходните троцифрени показатели на цените на нафтата веќе нема да бидат достигнати.

Од почетокот на летото 2014 година, што се совпаѓа со почетокот на судирите во побунетиот рускојазичен исток на Украина, цената на нафтата падна двојно, од околу 100 до 50 долари за барел од марката Brent со која се тргува на лондонскиот пазар. Одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) од ланскиот 27-ми ноември да го одржува производството на квотата од 30 милиони барели дневно, го забрза падот на цените. Многу аналитичари сметаат дека падот на цените на енергентот се должи на вишокот и презаситеноста на пазарот.

На почетокот од 2015 година, цената на нафтата се симна и до 45 долари за барел, но сепак од крајот на јануари и почетокот на февруари почнаа да растат до околу 60 долари за барел од марката Brent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП