17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на златото поради несигурноста во врска со Грција

Благ раст на златото поради несигурноста во врска со Грција

gold_bullion

Цената на златото на светските пазари покажа благ позитивен тренд во понеделникот, поради неизвесноста во врска со Грција дали ќе биде способна до крајот на април да ги сервисира своите обврски.

Во понеделникот јунските фјучерси на златото на њујоршката берза Comex се зголемија за три долара, или за 0,25 отсто, на 1.2006,10 долари за унца. Истовремено, цената на мајските фјучерси на среброто порасна за 0,35 отсто, на 16,19 долари за унца.

Челниците на Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изминатиот викенд на пролетното заседание во Вашингтон коментираа дека Грција сé уште не обезбедила доволно информации за тоа како економските реформи што ги бараат нејзините меѓународни доверители ќе влијаат врз нејзината финансиска позиција. Притоа, челникот на ECB, Марио Драги, предупреди дека доколку не биде постигнат договор, земјата ќе се доведе до крајно неизвесна ситуација. Неговите европски колеги, пак, предупредија дека е можно и излегување на Грција од еврозоната.

Од своја страна, пак, во неделата заменикот грчки премиер Јанис Дагакис изјави дека Атина ќе остане на своите позиции во преговорите со кредиторите за завршување на актуелната програма за помош, според која земјата треба да прими уште 7,2 милијарди евра, по што неговата влада има намера да преговара за реструктуирање на долгот. Продолжувањето на преговорите за склучување на привремената спогодба е договорено за 24-ти април.

Обновувањето на стравувањето поврзани со Грција, претставува добра новина за цената на златото. Имено, повеќето инвеститори ги купуваат скапоцените метали во периодите на политичките и економските несигурности, сметајќи го златото за подобро прибежиште за капиталот отколку другите активи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП