7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиското производство и силниот долар ја притиснаа цената на нафтата

Саудиското производство и силниот долар ја притиснаа цената на нафтата

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата се спушти денеска на светските берзи кон ниво од 62 долари, притисната од силниот долар и изјавата на саудискиот министер дека најголемиот светски извозник во април ќе го задржи производството близу рекордни 10 милиони барели дневно.

На лондонската берза, цената на барелот за испорака во јуни падна за 1,20 долари во однос на претходното затворање, на 62,25 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 74 центи пониска цена од 55,00 долари.

Доларот во понеделникот зајакна за 0,74 отсто кон кошничката клучни светски валути, притиснувајќи ја цената на нафтата со оглед дека на тој начин слабее куповната моќ на оние кои поседуваат други валути.

Дополнителен товар за нафтените пазари беше изјавата на саудискиот министер за нафта Али ал-Наими во Сеул дека водечкиот извозник во април ќе произведува близу 10 милиони барели нафта дневно.

„Многупати реков дека секогаш со задоволство ќе одговараме на барањата на нашите клиенти. Сега сакаат 10 милиони“, рече Наими за Reuters.

Овој месец саудискиот министер изјави дека водечкиот светски извозник во март произведувал 10,3 милиони барели дневно, со што неговото производсто достигна ново рекордно ниво во рамки на настојувањата да се одбрани уделот на светските пазари од конкуренцијата вон OPEC.

Од почетокот на април цената на нафтата порасна околу 17 отсто под влијание на извештајот за можно намалување на американското производство, но и од Morgan Stanley предупредија дека саудиското производство можеби сепак е позначајно од трендовите во САД.

„Загрижува фиксацијата на пазарот на САД. Производството на OPEC можеби е поважно, а во март во однос на претходиот месец зголемено е за милион барели дневно. Само Саудиска Арабија во рок до неколку месеци го зголеми производството за половина количество што се произведува во Бакен (најголемото американско поле за вадење нафта од шкрилци). Тоа во голема мера го надмина намалувањето на производството во САД“, стои во белешката на анлитичарите на банката.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка негова нафта во петокот изнесува 59,52 долари, што значи дека се зголемила за 64 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП