12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛичната потрошувачка и натаму ќе го поттикнува германскиот раст

Личната потрошувачка и натаму ќе го поттикнува германскиот раст

bundesbank-feb

Силната лична потрошувачка поттикната од ниската невработеност и растот на платите ќе го поддржуваат германскиот економски раст и покрај забавувањето на индустриската активност во последно време, се вели во извештајот на Bundesbank.

„Економските показатели од индустрискиот сектор разочараа втор месец по ред, но тоа не покажува прекин на порастот“, стои во месечниот извештај на германската централна банка.

Притоа темелниот раст веројатно сега е побавен од што сугерираше 0,7 отстотното зголемување на активностите во последниот квартал од минатата година, предупредуваат од Bundesbank.

Проценуваат дека во престојниот период личната потрошувачка ќе биде поттик за силен раст.

„Исклучително добар период за потрошувачка, темелено врз задоволителната ситуација на пазарот на труд и на силниот реален раст на платите, упатува на проценка дека таквиот тренд би можел да се одржи некое време“, се истакнува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП