17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFT: Банкрот му се заканува на швајцарскиот пензиски систем

FT: Банкрот му се заканува на швајцарскиот пензиски систем

penzi svis

Швајцарскиот пензиски систем ќе банкротира во наредните 10 години, доколку швајцарската влада не добие поддршка од јавноста за радикални промени, предупредуваат експертите.

Притисокот на системот со околу 800 милијарди франци имот се зголеми поради неодамнешните промени поврзани со готовинските сметки, на кои се применува негативна каматна стапка, и падот на приносите на државните обврзници, пишува Financial Times.

Во случај да не бидат спроведени реформи, пензискиот фонд до 2030-та година ќе се соочи со недостиг од 55 милијарди франци, проценуваат експертите. Сегашниот систем се смета за неодржлив, бидејќи е воспоставен во 2003-та година, кога очекуваниот животен век беше пократок, а очекуваната добивка од приносите на пазарите поголема.

Поради негативните каматни стапки на готовинските депозити, пензиските фондови смислуваат разни начини да ги избегнуваат таквите мерки ставајќи ги парите во сефови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП