9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple би можела да стане прва компанија вредна билион долари

Apple би можела да стане прва компанија вредна билион долари

apple

Американската компанија Apple пред 18 години беше пред банкрот, а денес се обидува да стане прва компанија чија, пазарна вредност ќе надмине еден билион долари.

Откако Тим Кук 2011 година го презеде кормилото на компанијата, вредноста на акцијата се удвои и тоа пред се поради одличната продажба на последната генерација паметни телефони.

Иновативниот и „поинаков“ дизајн секогаш бил главниот адут на Apple, кој неодамна влезе и на пазарот на луксузни часовници со својот производ Apple Watch.

Според порталот CNN Money, клучот на новиот финансиски успон на технолошкиот гигант не лежи во новиот хардвер туку во натамошниот развој на iOS платформата.

Дополнителното финансиско јакнење на софтверот би претставувало за  Apple „последен скапоцен камен во круната“ и би му помогнал да стане прва компанија чија пазарна вредност надминува билион долари“, вели аналитичарот на Capital Markets, Даниле Ајвс.

Со вредност од над 720 милијарди долари, Apple веќе е највредна компанија на светот, а нејзиниот прв пратител воопшто не е близу. Нафтениот гигант ExxonMobil вреди околу 363 милијарди, додека вредноста на Microsoft е некаде околу 339 милијарди долари.

Секако дека не постои гаранција дека Apple навистина ќе достигне астрономската сума со оглед дека трендовите на технолошкиот пазар постојано се менуваат, а компаниите морат да ги следат желбите на потрошувачите за да бидат на врвот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП