10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на „Гаспром“ Алексеј Милер во вторник во Атина

Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер во вторник во Атина

Image (27)

Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер во вторник ќе ја посети Атина, каде што планира да се сретне со премиерот на Грција Алексис Ципрас, јави РИА Новости.

За истиот ден е планирана средба на Милер со грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис.

Во саботата германскиот весник Der Spiegel, повикувајќи се на висок извор во владејачката Сириза, соопшти дека Грција и Русија планираат да потпишат двостран договор, согласно чии услови Атина може да добие до пет милијарди евра како претплата за изградба на продолжението на гасоводот „Турски поток“.

Официјална Москва ја негираше таквата информација. Во саботата портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека нема договор за аванс за Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП