2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска во минус 2,5 милијарди евра

Хрватска во минус 2,5 милијарди евра

hrvatskikuni6v5f74btg47paricroatiamoney

Дефицитот во буџетот на Хрватска во 2014 година изнесувал 18,8 милијарди куни (околу 2,5 милијарди евра или 5,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП) додека државниот долг достигна 279,5 милијарди куни (околу 37 милијарди евра), односно 85 проценти од БДП, покажуваат последните податоци на Заводот за статистика во Хрватска.

Една година претходно дефицитот во буџетот изнесувал 17,6 милијарди куни (околу 2,3 милијарди евра) или 5,4 проценти од БДП, додека државниот долг на крајот на 2013 година изнесувал 266,1 милијарди куни (околу 35 милијарди евра), односно 80,6 проценти од БДП.

На овој извештај се темели и фискалниот надзор на Европската комисија над земјите членки.

Европската унија има два главни критериуми кои ги зема во предвид при фискалниот надзор – уделот на буџетскиот дефицит на земјите членки да не биде поголем од три проценти од БДП, а консолидираниот долг да не биде поголем од 60 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП