2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Преговорите на Грција и кредиторите далеку од целта

ММФ: Преговорите на Грција и кредиторите далеку од целта

Image (26)

Преговорите помеѓу меѓународните кредитори и Грција зедоа замав, но се уште се далеку од постигнување на конечна цел, изјави диреторот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа и шеф на мисијата во Грција, Пол Томсен.

„Во изминатите неколку денови заблежан е извесен импулс во преговорите помеѓу трите институции и грчката влада. Тоа е добар развој на настаните што ни дава повод за надеж“, изјави Томсен за германскиот деловен весник Handelsblatt.

„Товарот на долгот кој набргу доспева на наплата во Грција е исклучително голем. Ќе мораме да постигнеме спогодба за да натамошни средства и бидат исплатени на Атина“, порача Томсен и додаде дека финансиите на грчката влада би можеле да потрајат дури до јуни.

Тој, сепак, предупреди дека не треба да се потценува ризикот поврзан со потенцијалното излегување на Грција од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП