19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржан Форум на работодавачи во Прилеп

Одржан Форум на работодавачи во Прилеп

forum-rabotodavachi

Претставници од Министерство за труд и социјална политика во соработка со Локалната самоуправа во понеделник во Прилеп го презентираа јавниот настан Форум со работодавачи  „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот.

Целта на настанот е да се презентираат активните мерки за вработување, да се пренесат искуствата и да се идентификуваат проблемите и потребите на бизнис заедницата, a сето тоа во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за водење бизнис и вработување на локално и национално ниво.

Во своето излагање пред присутните градоначалникот Марјан Ристески посочи дека Владата на Република Македонија и Општина Прилеп, во фокусот на своите економски политики го има посочено зголемувањето на вработеноста, со дефинирани чекори кон повеќе целни групи. Тоа се остварува преку широк спектар на програми и мерки, преку олеснување на пристапот до пазарот на трудот, воведување на разни поволности за работодавачите.

Директорката на Бирото за вработување во Прилеп Силвана Пашоска истакна дека компаниите покажале голема заинтересираност за отворање нови работни места преку мерките на Агенцијата за вработување. Најчесто се вработуваат млади до 29 години, за кои се ослободени од плаќање на придонеси, а Александар Јованоски од одделението за локален економски развој информираше дека од особено значење е подршката и на приватниот сектор, искористувањето на можностите кои се ставени на располагање како и директната финансиска стимулација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП