2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и помага на Венецуела со 5 млрд долари

Кина и помага на Венецуела со 5 млрд долари

afp-venezuela-receives-5-bn-funding-from-china

Кина и одобри заем од пет милијарди долари на Венецуела, која е соочена со економска криза и недостаток на пари.

Тоа вчера го соопшти венецуелскиот претседател Никола Мадуро не прецизирајќи ги деталите за заемот од Кина, која е главен економски и политички сојузник на Венецуела, пренесува агенцијата АФП.

Претседателот Мадуро по враќањето од посетата на Кина во јануари соопшти дека Кина има волја да инвестира повеќе од 20 милијарди долари во Венецуела.

Мадуро не прецизираше дали позајмицата од пет милијарди долари е само дел од ветената сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП