27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДенови на правната литература во Службен весник

Денови на правната литература во Службен весник

pravna literatura

ЈП Службен весник на РМ, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“.

Акцијата ќе се одржи од понеделник до петок, во Инфоцентарот на ЈП Службен весник во Порта Буњаковец.

Целта на акцијата е да се подигне свеста кај организациите, здруженијата, урбаните заедници и граѓаните, дека секој треба да ги знае своите права и обврски кои произлегуваат од законите и правните регулативи поврзани со нивната дејност. По тој повод, во текот на акцијата, соодветните изданија од двете организации ќе бидат со попусти до 50 отсто.

Во текот на Деновите на правната литература, двете организации ќе одржат и посебни средби со здруженија, комори, општини, факултети, библиотеки и граѓани. Во Инфоцентарот сите заинтересирани ќе можат да се информираат за изданијата од областа на правната литература, како и за начинот на кој ќе можат да ги обезбедат со посебни поволности.

Попустите ќе продолжат и за време на Саемот на книгата, кој ќе се одржува од 5-ти до 11-ти мај 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП