4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно возење на повеќе патни правци во Источна Македонија

Внимателно возење на повеќе патни правци во Источна Македонија

pat sanacija

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково –  с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалтот во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП