5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАNASA: Зa 10 недели лежење плата од 18.000 долари

NASA: Зa 10 недели лежење плата од 18.000 долари

lezenje vo krevet

За потребите на истражување за астронаутите, „NASA“ ќе одвои по 18.000 долари за своите „експериментални зајаци“ кои ќе лежат во кревет 10 недели со тоа што нивните тела ќе бидат благо вкочанети наназад, стопалата малку подигнати, а главата спуштена. На кандидатите ќе им биде дозволено многу малку да се движат.

Како што пишува „News 965“, кандидатите ќе мораат да бидат државјани на САД, а оние кои ќе бидат избрани, во текот на 70 дена ќе бидат подложени на низа тестови за истражување за тоа колку астронаутите кои живеат во услови без гравитација поради која ги губат функциите на коските и мускулите, е ефикасно вежбањето.

Кандидатите ќе бидат поделени во две групи – едни кои вежбаат и други кои нема да го прават тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП