11 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го покажа конкурентот на BMW X4 (фото+видео)

Mercedes го покажа конкурентот на BMW X4 (фото+видео)

glc

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ официјално ги откри кросоверот „GLC Coupe“, со кој ќе се обиде да „украде“ дел од клиентите на „BMW X4“.

Моделот во концептна верзија ќе дебитира пред публиката на автосаемот во Шангај, а пак сериската ќе ја видиме на некој од големите саеми во крајот на оваа или почетокот на следната година.

glc1

Концептот е базиран на втората генерација „GLK“ и силно на потсетува на поголемиот „GLE Coupe“, кој се јавува како пазарен конкурент на „BMW X6“.

„Mercedes GLC Coupe“ има должина од 4,73 метри, а меѓуоскиното растојание достигнува 2,83 метри. Висината е едвај 1,6 метри, благодарение на што кросоверот демонстрира динамична силуета.

glc2

Возилото е опремено со 3,0-литарски „V6“ мотор со би-турбо, кој генерира 367 КС и 520 Нм. Бензинскиот мотор е опремен со 9-степен автоматски менувач и погон на четири тркала „4MATIC“.

glc3

Серискиот модел очекуваме да го видиме на некој од големите саеми во крајот на оваа или почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП