2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција уверува дека Европа не е загрозена од грчките проблеми

Франција уверува дека Европа не е загрозена од грчките проблеми

Image (24)

Европа нема да биде загрозена од грчките проблеми, Грција е таа којашто ќе трпи поради проблемите во врска со нејзината финансиска ситуација, поради тоа што Европа создаде заштитни механизми, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен во Вашингтон.

„Доколку нешто штетно се случи, тоа ќе биде сериозно за Грција, за грчкото население, а не за другите држави од еврозоната. Воопшто не сме во иста ситуација во којашто бевме пред четири или пет години“, изјави Сапен за медиумите, кој во Вашингтон престојува на пролетното заседание на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

„Научивме да изградиме ѕидови со коишто се штитиме, со кои го заштитуваме нашиот банкарски сектор, ги штитиме другите земји од тоа да бидат изложени доколку нешто се случи во Грција. Европа е многу посилна. Европа се заштити од турбуленциите, Оасмно е за Грција“, додаде францускиот министер за финансии.

„Грција мора да ги почитува правилата кои важат за сите држави во еврозоната. Грција не потпиша само меморандум, таа потпиша договори, стави свој потпис на обврски. Тие обврски мора да се почитуваат“, порача Сапен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП