2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМатурантите заинтересирани за идната професионална ориентација

Матурантите заинтересирани за идната професионална ориентација

Image (23)

Средношколците кои се во завршна година покажаа голем интерес за вистинска професионална ориентација на третата Ротари Конференција што се одржува во Скопје.

Банкари, менаџери, архитекти, докажани професионалци од повеќе сфери на македонското општество, во сабота во Меѓународното училиште „Нова“ одржаа низа говори и дискусии пред средношколци од повеќе училишта во Скопје, во рамките на втората Ротари конференција за професионална ориентација, насловена „ Да го одберам тоа што се бара или тоа што го сакам “.

Архитектура и градежништво, здравство, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука беа дел од темите што беа опфатени на конференцијата чија главна цел беше да им се помогне на младите во изборот на идната професија.

Настанот беше во организација на „Ротари клуб Скопје – Камен Мост“, како дел од серијата активности за поддршка на младите талентирани луѓе и помош да ги остварат своите потенцијали.

„Изборот на факултет е одлука која е значајна не само за професионалната иднина на еден млад човек, туку и пошироко за неговиот идентитет, имјаќи во предвид во колкава мера професијата е дел од нашето секојдневие и дејствување во околината. Токму затоа ја организираме оваа конференција, на која младите луѓе ќе имаат можност да слушнат интересни искуства и размислувања од еминентни гости говорници и професионалци, а со цел да им помогнат во процесот на донесување одлука“, изјави Ѓорѓи Петрушев, претседател на Ротари клуб Скопје Камен Мост.

Изминативе две години повеќе од 300 средношколци од дваесетина училишта го посетија настанот, и истиот преку прашалник го оценија како успешен и извонредно корисен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП