3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот ML и во блиндирана верзија

Новиот ML и во блиндирана верзија

mercedes m guard

Германскиот производител на автомобили, „Mercedes-Benz“ во својата понуда има и блиндирана верзија на новата ML класа.

Накратко, станува збор за верзиите „ML350 BlueTec Guard“ и „ML500 Guard“ кои се направени со посебно засилување и треба да го задоволат нивото на заштита, VR4.

„ML350 BlueTec Guard“ под хаубата има V6 дизел мотор со 190 kW/258KS и 620 Nm, a „ML500 Guard“ го придвижува V8 бензински мотор 300kW/408KS и 600 nm (двата мотори се поврзани со „7G-Tronic“ менувач).

Од 0-100 km / h „ML350 BlueTec Guard“ доаѓа за 9,4 секунди, а пак „ML500 Guard“ за 6,5 секунди, а двете верзии се со максимална електронски ограничена брзина на 210 км / ч.

Двете верзии имаат 20-инчни AMG тркала со рамни гуми, а во соопштението се наведува дека „ML350 BlueTec Guard“ тежи 2765 кг и 2785 кг  за „ML500 Guard“.

Продажба ќе започне на 15-ти март кога тие ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани купувачи,а ќе бидат достапни во верзии со волан од левата и десната страна. Што се однесува до цената, таа изнесува 105.050 евра за „BlueTec ML350 Guard“ и 118.650 евра за модел „ML500 Guard“.

Други модели достапни во „ Mercedes-Benz Guard“ програмата се E250, E350, E350 BlueTec, E500, S600, S600 Pullman и G500.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП