28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама вели дека Грција мора да покрене реформи

Обама вели дека Грција мора да покрене реформи

ITALY-US-OBAMA-RENZI-DIPLOMACY

Американскиот претседател Барак Обама побара од Грција да покрене реформи на владата и на фискалната политика, во петок на заедничка прес конференција со италијанскиот премиер Матео Ренци во Белата куќа.

„Матео има право, Грција мора да покрене реформи“, рече Барак Обама. Грците мораат да наплатуваат данок. Мораат да ја намалат бирократијата, а пазарот на труд треба да им биде пофлексибилен.

Американскиот претседал потсети дека го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас да му „покаже на својот народ дека има надеж и дека може да се оствари раст“.

Матео Ренци ја повика грчката влада да ги почитува нејзините обврски кон Европската унија.

„Ќе ги го поддржиме начинот со кој напредувате, но морате да им покажете на вашите доверители и на оние кои го поддржуваат вашиот финансиски систем дека сами се обидувате да си помогнете“, додаде Обама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП