5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на производството од OPEC ја спушти цената на нафтата под 64...

Растот на производството од OPEC ја спушти цената на нафтата под 64 долари

nafta 300

Денеска цената на нафтата падна на светските берзи по објавата на податоците за растот на производството на членките на Организацијата држави-извознички на нафта (OPEC), што го фрли во втор план влијанието од забавувањето на американското производство и судирите на Блискиот исток.

На лондонската берза цената на барел за испорака во јуни падна 75 центи во однос на претходното затворање, на 63,23 долари. Во четврокот цената на барелот во Лондон достигна највисоко ниво во 2015 година, од 64,95 долари.

На американската берза со барелот се тргува по 82 центи пониска цена во однос на преходното затворање, по 55,89 долари.

Цената во Лондон и натаму е близу највисокото во 2015 година од претходниот ден, а досега во април е во плус за 16 отсто, поттикната од судирите во Јемен и изгледите дека пониските цени на нафтата ќе започнат да го намалуваат американското производство од шкрилци.

Но, цената сега ја притиснаа податоците дека производството на OPEC, предводено од Саудиска Арабија, пораснало за 810 илади барели дневно, на 30,79 милиони барели дневно. Претходниот ден Меѓународната агенција за енергија, која ги советува индустријализираните држави, исто така извести за скок на производството на OPEC на 31 милион барели дневно.

„Постои можност дека во второто тромесечје ќе биде забележан огромен раст на залихите во распон од 2,4 до 2,7 милиони барели дневно, доколку производството на OPEC и натаму биде на 31 милион барели дневно. Дали е можно дека Саудиска Арабија сака да ги заплаши производители вон OPEC, како Русија во преговорите за производство“, рече Дејвид Хафтон од PVM.

Разговорите помеѓу членките на OPEC и на другите големи производители ги покренаа шпекулациите дека станува збор за преговори за намалување на производсто што во средата ја потикна цената на нафтата на свеските берзи, иако повеќето аналитичари сметаат дека нема да дојде до договор.

Одделно OPEC на интернет страницата објави дека цената на барел кошничка негова нафта во четвртокот изнесувала 58,88 долари, што значи дека пораснала за 1,87 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП