17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на инфлацијата во Австрија

Благ раст на инфлацијата во Австрија

inflacija-money

Инфлацијата во Австрија е благо зголемена на еден процент во месец март од 0,8 проценти во февруари, соопштија денес од австрискиот Завод за статистика.

На годишно ниво инфлацијата главно пораснала поради зголемувањето на трошоците за домување, вода и енергија, се вели во соопштението.

Пред се, пораснал надоместокот за домување, односно киријата и тоа за пет проценти во споредба со минатата година.

На месечно ниво цените во март пораснале за 1,2 проценти, откако во февруари тие беа зголемени за 0,3 проценти, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП