2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Барбика намалена за 14 отсто, зголемена загубата на Mattel

Продажбата на Барбика намалена за 14 отсто, зголемена загубата на Mattel

barbies

Приходите на американскиот производител на играчки Mattel паднаа во првиот квартал од годината, шесто тромесечје по ред, додека загубата на компанијата е зголемена бидејќи главниот производ, куклата Барбика, и натаму губи на привлечноста.

Приходите од продажбата на Mattel во првото тромесечје изнесуваа 922 милиони долари, што е за 2,5 отсто помалку во однос на истиот период лани. Загубата на компанијата изнесувала 58 милиони долари, наспроти 11 милиони во истиот период лани.

Слабите резултати на Mattel пред се се последица на падот напродажбата на Барби куклата за 14 отсто на годишно ниво. Продажбата на Барбика сочинува една четвртина од вкупната продажба на Mattel. Оваа 56 години стара икона на играчките се соочува на светскиот пазар со зајакната конкуренција.

Електронските играчки, таблети и кукли од популарните анимирани филмови на Disney и на другите продуцентски куќи, заедно со зголемената конкуренција на дански Lego и на американски Hasbro, придонесоа за падот на продажбата на Барбика.

Покрај тоа и високиот курс на доларот не оди во прилог на продажбата на Mattel на странските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП